Alperen Aktaş
21 Март 2025•Ажурирај: 22 Март 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Аеродромот „Хитроу“ во Велика Британија денес соопшти дека е принуден да го прекине работењето поради пожар во трафостаницата што го снабдува овој објект со струја, јавува Анадолу
„За да ја осигуриме безбедноста на нашите патници и вработени, 'Хитроу' ќе остане затворен до 23:59 часот на 21 март“, се наведува во објавата на аеродромот на социјалната мрежа Х.
Патниците се советуваат да не патуваат кон аеродромот и да ги контактираат нивните авиокомпании за натамошни информации.
„Се извинуваме за непријатностите“, додаваат од аеродромот.
„Хитроу“ е еден од најфреквентните аеродроми во светот и годишно опслужува милиони патници. Се очекува неговото затворање значително да ги наруши летовите и плановите за патување.