Sinan Doğan
23 Ноември 2020•Ажурирај: 24 Ноември 2020
БОГОТА
Најмалку 8 лица загинаа, а 18 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи во Венецуела, јавува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случила на автопатот во Коро, во венецуелската провинција Фалкон.
Локалните медиуми информираат дека до несреќата дошло откако возачот на патничкиот автобус ја загубил контролата над возилото и удрил во столб за електрична енергија.
На местото на несреќата животот го загубија 8 лица, чии тела изгореа во запалениот автобус, а во болница се префрлени 18 потешко повредени.
Во тек е истрага за откривање на причината за несреќата.