Ruslan Rehimov
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
БАКУ
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, ја посети зоната на фронтот каде се случија судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На снимките објавени на социјалните мрежи се забележува дека Алијев носи воена униформа.
Исто така, се забележува дека Алијев бил пречекан со возбуда од страна на народот во населените места во градот Фузули.
Азербејџанскиот претседател ги поздрави граѓаните, а тие извикува пароли на поддршка.
Граѓаните извикуваа пароли, меѓу кои и „Карабах“ и „Илхам“, а своите телефони ги снимаа овие моменти.