Mohamad Misto,Muhammed Temim Hocaoğlu
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
ХАСЕКЕ
Терористичката организација ЈПГ/ПКК ослободи 212 членови од кампот Хол кој го држи под окупација на североисточниот дел на Сирија, а меѓу ослободените се и терористи на ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Доверливи локални извори за АА изјавија дека речиси 600 лица се ослободени од кампот и дека се пратени во градот Деир ез Зор.
Исти извори рекоа дека меѓу ослободените се голем број на терористи на ДЕАШ.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК работи на испразнување на кампот Хол, па и во текот на претхондите недели на сличен начин пушти стотина притворени, меѓу кои исто така беа терористите на ДЕАШ.
Терористите на ЈПГ/ПКК во април 2017 година го подигнаа кампот во местото кое кое го окупираа на североисточниот дел на Сирија и во тој камп ги држеа фатените терористи на ДЕАШ, нивните семејства и цивили кои се обиделе да побегнат од тој регион.

Притворените цивили во кампот во нехумани услови водеа борба за голо преживување. Катастрофалните хигиенски услови, неадекватната здравствена нега на болните и храна со истечени рокови на траење се само некои од проблемите кои ги имаа цивилите затворени во кампот.
Од ОН и другите меѓународни организации предупредуваа на лошите услови во кампот и бараа увид во центрите во кои се заробени терористите на ДЕАШ.
Според податоците на ОН, кампот има капацитет за сместување на 10.000 луѓе, а во него во нехумани услови се заробени тродупло повеќе лица, меѓу кои поголемиот дел се жени и деца.
Меѓу лицата затворени во тој камп се неколку илјади странски борци од речиси 50 земји, како и сириски и ирачки борци кои биле во редовите на терористичката организација ДЕАШ.