Ali Cura
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
МИНСК
Најмалку 700 лица се приведени за време на вчерашните антивладини демонстрации ширум Белорусија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, Олга Чемоданова изјави дека нелегални протести се одржани на 35 различни места низ земјата, на повик упатен преку социјалните мрежи.
Чемоданова истакна дека бројот на учесници на демонстрациите се намалува и дека полицијата ги презела потребните мерки за да обезбеди ред и мир.
Таа наведе дека демонстрантите покажале агресивен став на протестите во главниот град Минск и дека блокирале некои патишта за минување на возилата и граѓаните. Чемоданова изјави дека се приведени оние демонстранти кои не се откажале од демонстрациите и покрај полициските приведувања.
Таа изјави дека во градовите Брест и Гродно најмногу 250 луѓе учествувале на нелегалните собири.
„Повеќе од 700 лица кои го кршеле законот се приведени вчера за време на демонстрациите ширум земјата и дека луѓето ќе бидат задржани додека не се појават на суд“, порача Чемоданова.
Околу 200.000 демонстранти излегоа на улиците кон крајот на октомври што е еден од најголемите собири од почетокот протест.
Протестите во Белорусија започнаа по соопштувањето на резултатите на изборите одржани на 9 август на кои победи претседателот на државата Александар Лукашенко. Демонстрантите, уверени дека дошло до наместување на изборите, бараат нови избори, но и уставни промени.
Лукашенко од 1994 освои пет последователни мандати, а кон крајот на октомври положи заклетва и продолжи да ја извршува функцијата претседател.