Ruslan Rehimov
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанците го слават ослободувањето на некои населени места што беа окупирани од страна на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Улиците низ цел Азербејџан се украсени со државни знамиња и се слави успехот на народната армија.
Воени возила со звучници дефилираат низ улиците, информирајќи за местата ослободени од окупација.
Воените возила со овации и радост се пречекани на сите улици низ кои минуваат.
Азербејџанците кои беа излезени на улиците ги извикуваа слоганите „Најдобри војници се нашите војници“, „Карабах е наш, ќе биде наш“ и со ракоплескање ги поздравуваа војниците.
Азербејџанската Војска вчера од окупација ослободи 8 населени места и во центарот на Суговушан (Мадагиз) постави знаме на Азербејџан.