Büşra Selvi Öğütcen
04 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
АНКАРА
Во индиската држава Керала, сместена во југозападниот дел на земјата, падна воена едрилица. Во несреќата животот го загубија двајца војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Индиските медиуми објавија дека врз основа на информациите што ги соопштиле Поморските сили, воена едрилица полетала на тренинг-лет од бродот „ИНС Гаруда“, што се наоѓал во подрачјето Кочи во државата Керала.
Едрилицата во 7:00 часот по локално време паднала во близина на мостот „Топумпади“.
Во несреќата потешко биле повредени поручникот Раџив Јха и поморскиот подофицер Сунил Кумар, кои подоцна им подлегнале на повредите.
Командата на Јужните поморски сили, која е дел од Индиските поморски сили, издаде наредба за започнување истрага во врска со несреќата.