Hacer Başer
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
MАРИБ (АА) - Од организацијата Лекарите без граници (МСФ) предупредија дека епидемијата колера во Јемен може да излезе од контрола, ако не се преземат потребните мерки, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Лекарите без граници, кај повеќе од 17.000 луѓе е дијагностицирана колера. Екипата на Лекарите без граници до сега во Амранз, Худејди, Хач, Таиз и Ибу хоспитализираше најмалку 3.000 луѓе.
Претставникот на екипата во Јемен Гасан Абу Сеар истакна дека колерата се шири брзо во Јемен и тоа станува алармантно.
Тие укажуваат и на многу лошиот здравствен систем во Јемен и дека не се доволни резервите на лекови и медицински материјали. Абу Сеар додаде дека во наредните денови во Јемен ќе стигнат 63 тони лекови и медицински материјали кои ќе се користат за лекување на колера.
Епидемијата зафати 16 провинции, вклучувајќи ја и Сана, каде што се забележани повеќе од 4.500 заболени лица.
Од Светската здравствена организација (СЗО) претходниот ден ја повика Арапската унија и Арапската Министерството за здравство итно да реагира за спасување илјади заразени граѓаните на Јемен.