Selman Tür
10 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
ПАЛУ (АА) - Аматерски снимки ги покажуваат паниката и стравот кои владееја меѓу граѓаните за време на неодамнешниот разорен земјотрес и придружното цунами кои предизвикаа катастрофа на индонезискиот остров Сулавеси, јавува Anadolu Agency (AA).
На снимката од градот Палу се гледа дека луѓето во моментот на тресењето на тлото бегаат од објектите и истрчуваат на улица.
Се гледа и рушењето на објектите придружено со крикови и молитви на исплашените граѓани.
Разорниот земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер го погоди островот Сулавеси на 28 септември и предизвика цунами, чии бранови достигнаа височина и до 6 метри.
Националната агенција за управување со вонредни состојби во Индонезија (BNPB) денес соопшти дека во катастрофата загинале најмалку 2.045 лица, а дека спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите во урнатините.