Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Амбасадорот на САД во Панама, Џон Фили, поднесе оставка, бидејќи како изјави, смета дека дошло време кога повеќе не може да му служи на актуелниот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како млад службеник за надворешни работи потпишав заклетва дека верно ќе му служам на претседателот, неговата администрација, на аполитичен начин, па дури и ако не се согласувам со одредени политики. Како ми е кажано, ако некогаш верувам дека тоа повеќе не можам да го правам, треба да поднесам чесна оставка. Тој момент тукушто дојде“, наведе Фили во својата одлука.
Инаку, Фили е дипломат од кариера и поранешен поморски пилот.
Белата куќа соопшти дека добиле информација за негово повлекување во пензија од приватни причини.
Американските медиуми тврдат дека овој дипломат поднел оставка поради претходната изјава на Трамп во која за бегалците кои од некои земји на Латинска Америка и Африка доаѓаат во САД, рече дека доаѓаат од „одвратни земји“.