Zehra Ulucak
09 Септември 2017•Ажурирај: 10 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Американската влада најави дека со Бахреин ќе потпише договор за продажба на воени авиони Ф-16, јавува Anadolu Agency (AA).
Од американската Агенција за соработка во областа одбрана и безбедност соопштено е дека Министерството за надворешни работи на САД со Бахреин ќе потпише договор вреден околу 4 милијарди долари.
Во договорот е вклучена и продажба како и модернизација на 19 воени авиони F-16. Договорот предвидува и продажба на бродови на крајбрежната стража како и проектили „Tow".
Истакнаа дека САД на Бахреин ќе им продаде 19 воени авиони, но се предвидува и модернизација на претходно купените 20 F-16 авиони.
Понудата за продажба е проследена на Конгресот за разгледување.