Ekipa
09 Септември 2017•Ажурирај: 11 Септември 2017
ЛУКСОР (АА) - Во градот Луксор на јужниот дел на Египет откриена е гробница на кралски златар и неговата сопруга кои живееле пред повеќе од 3.500 години за време на 18. династија, јавува Anadolu Agency (AA).
Гробницата е лоцирана на западниот брег на реката Нил кај гробиштата во кои се погребувани официјални лица и владини претставници.
Властите соопштија дека гробницата не е во најдобра состојба, но дека содржи статуи од златарот и неговата сопруга како и погребна маска.
Во еден дел се наоѓаат и мумии на древните Еѓипќани кои живееле за време на 21. и 22. династија, што би можело да укаже на тоа дека гробницата била користена повеќе пати.
Гробницата ја открија египетски археолози.