Kasım İleri
18 Јуни 2021•Ажурирај: 18 Јуни 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оствари разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Јаир Лапир, во кој е нагласена важноста на американско-израелските билатерални односи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Секретарот Блинкен разговараше за посветеноста на САД кон израелската безбедност, важноста на американско-израелските билатерални односи и потребата за подобрување на израелско-палестинските односи на практичен начин“, се наведува во пишаната изјава на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Прајс напомена дека двајцата министри размениле мислења и за прашања поврзани со регионалната безбедност, посебно за Иран.