Handan Kazancı
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Американскиот државен секретар Мајк Помпео допатува во посета на Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео минатата недела најави деа во периодот помеѓу 13 и 23 ноември ќе посетат седум држави, и тоа Франција, Турција, Грузија, Израел, Катар, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија.
Помпео во вечерните часови авионски допатува од Франција во Истанбул.
Од аеродромот е испратен со зајакнати безбедносни мерки.
Во најавата на турнејата Помпео рече дека теми на разговори ќе бидат различни во тие земји, но дека акцентот ќе биде на напорите на актуелната американска администрација за воспоставување мир и соработка на Блискиот Исток.
Од Стејт Департментот соопштија дека Помпео од Париз ќе отпатува во Истанбул и со вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе разговара за верските слободи во тој регион.
Властите на Турција го критикуваа официјален Вашингтон поради изразување наводна загриженост за верските слободи во пресрет на посетата на Помпео на Турција.