Ahmet Gürhan Kartal
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
ЛОНДОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп на својот официјален профил на Твитер (Twitter) сподели серија провоцирачки антиисламски видеоснимки претходно објавени од страна на заменик-лидерката на британска екстремнодесничарска група, јавува Anadolu Agency (AA).
Трите видеоснимки беа претходно објавени од страна на британската заменик лидерка, Џејда Франсен, кој беше осудена од страна на британскиот суд во ноември 2016 година, за тешко религиозно вознемирување.
Видеоснимките беа веднаш објавени и повторно споделени на „Twitter“ уште од најмалку три профили поврзани со групата.
Организацијата „Британија на прво место“ (Britain First) е многу добро позната во Велика Британија по антиисламските изливи, протести против џамиите, улични и онлајн-провокации.
Има спроведувано таканаречени христијански патроли во британските градови, како и упади во џамии.
Франсен на својот профил подоцна изрази благодарност за објавите на Трамп додавајќи: „ГОСПОД НЕКА ТЕ БЛАГОСЛОВИ ТРАМП! ГОСПОД НЕКА ЈА БЛАГОСЛАВИ АМЕРИКА“.
Муслиманскиот совет на Британија (MCB) реагираше на споделените објави, кои ги окарактеризира како јасна поддршка од американскиот претседател на екстремната десница и нивната гнасна антимуслиманска пропаганда.
„Се надеваме дека нашиот премиер и државен секретар во името на земјата ќе се оградат од Трамп и од неговите коментари, и ќе ја повторат огорченоста на владата кон сите форми на екстремизам“, се вели во соопштението на МСБ.
„Tell MAMA“, група која ги регистрираше антиисламските криминални дела во Велика Британија исто така реагираше на онлајн акцијата.
„Ние сме крајно изненадени што претседателот на САД ги сподели објавите на Џејда Франсен од екстремно десничарската група „Britain First“, вели „Tell MAMA“.
„Денес се покажа колку екстремизмот е широко распостранет“, се додава од групата.
Член на британскиот Парламент, Каролин Лукас, го обвини Трамп за поддржување на објавите на осудената британска фашистка и ја повика британската премиерка Тереза Меј да ги осуди ваквите објави.