İlker Girit
29 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Германска екстремно-десничарска лидерка денес беше парично казнета со 2.250 евра поради повикување на насилство врз мигрантите преку објава на социјалната мрежа „Facebook“ (Фејсбук,) јавува Anadolu Agency (AA).
Џанет Ихме, член на Националниот одбор на партијата Алтернатива за Германија (AfD), во август објави порака на социјалната мрежа „Facebook“ во којашто пишуваше дека бродовите на мигрантите треба да се потопат во Средоземното Море пред да стигнат во Европа.
Ихме исто така напиша дека „криминалните криумчари“ носат „клиенти“ во земјата и се однесуваат како „примати“.
Иако таа ја избриша објавата по јавните критики, судот во Отвајлер пресуди дека е сторено кривично дело.
Од судот исто така се вели дека политичарката дејствувала против човековото достоинство. Ихме упати извинување.
Бранителот објави дека таа сакала да поднесе жалба за пресудата.