Zeynep Katre Oran
10 Мај 2025•Ажурирај: 11 Мај 2025
АНКАРА (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле за целосен и моментален прекин на огнот по разговорите водени со посредство на неговата земја, известува Анадолу.
Претседателот Трамп на својот профил на платформата Truth Social објави дека разговорите меѓу Индија и Пакистан продолжиле во текот на целата ноќ со посредство на САД.
„Со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на целосен и моментален прекин на огнот“, напиша Трамп во својата објава и им честиташе на двете земји за покажаниот здрав разум.