Mohamad Misto,Adham Kako
10 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ХАСЕКА (АА) - Американските војници кои се наоѓаат во областите кои се окупирани од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, уште еднаш ги блокираа руските војници кои, користејќи го Автопатот М4, сакаа да стигнат до нафтеното поле во провинцијата Хасека, јавува Агенција Анадолија (АА).
Продолжуваат препирките меѓу САД и Русија за нафтените полиња во провинцијата Хасека, на североисток од Сирија.
Според информациите на АА добиени од сигурни извори на теренот, американските војници кои патролираат дошле во центарот на градот Тел Темир, во провинцијата Хасека, и стопирале четири руски возила.
Руските возила, користејќи го Автопатот М4, сакаа да стигнат до нафтените полиња источно од областа Камишли, но мораа да го променат својот правец на движење.
Возилата стигнаа до окружниот центар преку регионот Амуда на западниот дел од областа. Конвојот, кој сакаше да оди на нафтеното поле Румејлан, на истокот на Камишли, беше блокиран од американските војници пред да стигне до областа Маликија.
Руските возила кои мораа да се вратат во центарот на градот Камишли, во Тел Темир сакаа да се вратат низ Автопатот М4, но американските војници не го дозволија тоа.
Руските војници во Тел Темир се вратија преку Амуда.
Американските војници, кои се наоѓаат во областа контролирана од страна на ЈПГ/ПКК, од јануари во Хасека повеќепати го блокираа патот на руските војници кои сакаа да дојдат до нафтените полиња источно од Камишли.