Kasım İleri
10 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) во Заливот испратија бомбардери од типот B-52 кои пристигнаа во воздухопловната воена база "Ал-Удеид" во Катар за да бидат вклучени во војната против ДАЕШ, изјавија вчера воздухопловните сили на САД, јавува Anadolu Agency (AA).
“Бомбардерите B-52 ѝ овозможуваат на коалицијата прецизност и ќе ги дадат посакуваните резултати”, изјави генерал-полковникот Чарлс Браун, командант на американските сили.
Војската не го откри бројот на авионите, кои инаку претставуваат симбол на Студената војна.
Зајакнувањето на воздухопловните сили на САД во Заливот е еден од претходно најавените потези на официјален Вашингтон, кој најавува интензивирање на борбата против ДАЕШ во Сирија и Ирак.
Во споредба со другите бомбардери во својата категорија, B-52 има подолг домет и може да го носи најголемиот товар. Бомбардерите B-52 во американското воено воздухопловство се користат од 1955 година, и благодарение на нивните супериорни перформанси при висока суперсонична брзина и релативно ниските трошоци за одржување овој бомбардер сè уште е во употреба, иако со текот на времето се дизајнирани три нови бомбардери како негова замена.