Furkan Naci Top
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ЛЕЗБОС (AA) -Во Грција вчера во рамките на договорот помеѓу Турција и ЕУ за размената со бегалците стигнаа 120 бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според службените податоци на Грција вчера на Лезбос има 116, а на островот Самос четири бегалци.
Во Турција вчера во склоп на истиод договор стасале 123 од Грција, со што сега бројката на бегалци вратени во Турција е зголемена на 315. Турција и ЕУ на 18 март во Брисел постигнаа договор со цел борба против илегалните миграции и криумчарење со луѓе.