Servet Günerigök
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) затворија пет воени бази во Авганистан како дел од договорот со Талибанците, соопшти Пентагон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека базите биле во покраините Хелманд, Урузган, Пактика и Лагман.
САД во рамките на договорот кој истече вчера, имаа 135 дена да го исполнат своето ветување за намалување на трупите на 8.600 од 14.000 во земјата погодена од војна.
Договорот беше потпишан на 29 февруари и беше со цел намалување на насилството со надеж дека ќе се поттикнат билатерални разговори меѓу авганистанската влада и екстремистичката група за ставање крај на 18-годишниот конфликт во земјата која е разорена од војна.
Талибанците како дел од договорот се согласија да не им дозволат на ал Каеда, ДЕАШ и било која друга милитантна група да извршуваат активности на териториите што се под нивна контрола.