Bilal Acar
14 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ЛОНДОН
Од последиците на Ковид-19 во Велика Британија починаа 44.968 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 138 лица, односно вкупно 44.968.
Бројот на заразени во последните 24 часа е поголем за 398 и изнесува 291.373.
Велика Британија е прва во Европа по бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19, а трета во светот, по САД и Бразил.