Asiye Latife Yılmaz
25 Октомври 2025•Ажурирај: 27 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека Соедиентите Американски Држави (САД) „измислуваат нова вечна војна“, во услови на ескалација на нападите врз наводни бродови за трговија со дрога во Карибите, јавува Анадолу.
„Населението на Соединетите Американски Држави го знае тоа, тие измислуваат нова вечна војна“, рече Мадуро во Каракас.
„Тие ветија дека никогаш нема да се вклучат во друга војна, а сега измислуваат војна што ние ќе ја спречиме. Како? Со мобилизирање на народите од Јужна Америка“, додаде тој.
Мадуро додаде дека Венецуела нема производство на листови од кока и ги обвини САД дека ја таргетираат неговата земја со претерани и неосновани обвинувања.
Венецуелскиот претседател неодамна објави дека неговата земја распоредила 5.000 противвоздушни ракети Игла-С од руско производство со цел да ги зајакне своите капацитети за воздушна одбрана.
Објавата дојде во услови на распоредување на американската војска во Карибите, што Каракас го смета за директна закана насочена кон „промена на режимот“.