Zuhal Demirci
31 Август 2022•Ажурирај: 01 Септември 2022
ЛОНДОН (АА) - Кралицата Елизабета Втора, во замокот Балморал во Шкотска, каде што за првпат го минува летниот одмор, ќе го прими новиот премиер на земјата, чие стапување на должноста ќе биде прогласено на 5 септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бакингамската палата соопшти дека кралицата ќе ја прифати оставката на премиерот Борис Џонсон на 6 септември во замокот Балморал во Шкотска, а потоа ќе се сретне со новиот премиер.
На 96-годишната кралица ѝ е препорачано да остане во замокот Балморал во Абердиншир, каде што го минува својот летен одмор.
Од нејзиното доаѓање на тронот, англиската кралица новите премиери на земјата ги примаше во Бакингамската палата или замокот Виндзор.
Кралицата Елизабета Втора обично го поминува својот одмор од август до октомври со своето семејство во оваа палата во Шкотска.
Од минатата есен кралицата има проблеми со подвижноста и редовно користи бастун.
Елизабета Втора поради здравствени проблеми не можеше да присуствува на различни настани меѓу кои и на отворањето на Парламентот и прославите на 70-годишнината од нејзиното стапување на престолот (Платинумска годишнина).