Amir Latif Arain
07 Февруари 2024•Ажурирај: 07 Февруари 2024
АНКАРА (АА) - Околу 73 отсто од жителите на Јужна Кореја мислат дека нивната земја треба да развие нуклеарен арсенал, покажа неодамнешната анкета, пренесува Анадолу.
Според анкетата, спроведена од „Галуп Кореја“ и нарачана од Сеулскиот институт за напредни студии Чеј, 72,8 отсто или приближно три четвртини од анкетираните рекле дека поддржуваат Јужна Кореја да има нуклеарно оружје кога биле запрашани околу развивањето нуклеарен арсенал од страна на нивната земја.
Претседателката на институтот Чеј, Парк Ин-Кок, нагласи дека резултатите од истражувањето дојдоа по најновите воени засилувања на големиот ривал на Северна Кореја и неодамнешниот уставен амандман со кој на војската на Јужна Кореја ѝ се даде право да врши „застрашувачки нуклеарни напади“.
Во истражувањето од 2022 година, спроведено од Галуп, 60,7 отсто од учесниците забележале дека на нивната земја „донекаде ѝ треба“ да развие сопствено нуклеарно оружје, додека 15,9 отсто сметаат дека „ѝ треба многу“.