Adam Abu Bashal
18 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во антитерористички акции во Нигерија, заробени се 126 милитанти на терористичката организација Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Военото лице Лаки Ирабор потсети дека членови на Боко Харам пред две недели извршија напад врз селото Сабон Гари во околината на градот Maидугури.
По нападот, припадниците на безбедносните сили започнаа сеопфатна акција за борба против тероризмот. Ирабор нагласи дека се заробени 126 милитанти, а повредени се осуммина војници.
Терористичката организација Боко Харам е најголемата закана за безбедноста во регионот на Африка, а против терористите заедно се борат силите на Чад, Нигер, Нигерија, Камерун и Бенин, кои ја основаа заедничката коалиција МБП со повеќе од 10.000 војници.
Организацијата во Нигерија дејствува од почетокот на 2000 година, а нападите се интензивираа откако нивниот лидер Мохамед Јусуф почина во притвор, во 2009 година. Се претпоставува дека организацијата е одговорна за смртта на речиси 20.000 луѓе.