Handan Kazancı
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку 16 лица загинаа во два бомбашки напади во трговски центар во ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Два автомобили полни со експлозив доцна синоќа експлодира во трговски центар во источниот дел на Багдад Накхил, а во експлозијата загинаа најмалку 16, додека повеќе лица се повредени.
Експлозијата се случи во прометниот трговски центар кој се наоѓа спроти зградата на министерството за нафта.
Одговорноста за самоубиствениот напад ја превзеде терористичката организација ДАЕШ.
Синоќешниот напад се случи само два дена пред Курбан Бајрам, поради што трговски центар беше отворен до доцна во ноќта.
Ирак е на местото на длабока политичка и безбедносна криза, кој ескалираше во текот на летото на 2014 година, кога терористите на ДАЕШ го завзедоа Мосул и другите градови во северниот и западниот дел на земјата.