Fatma Esma Arslan
09 Септември 2016•Ажурирај: 10 Септември 2016
ТУКЕ (AA) – Управниот суд во Франција ја суспендираше забранатата за носење буркини, која беше донесена во една од општините, јавува Anadolu Agency (AA).
Управниот суд во Лил, соопшти дека ја суспендира забраната за буркини, која ја донесе општината Туке, на северот од Франција.
Забраната донесена од републиканската локална власт на општината Туке, судот ја одби и донесе пресуда дека во голема мера им штети на личните права и слободи.
Дискусијата околу носење буркини во Франција започна минатиот месец во Марсеј, кога една асоцијација на жени изнајмиле приватен базен на еден ден за сопствени активности и на членовите на организацијата им било посочено да не носат бикини, поради тоа што во комплексот се наѓаат и мажи, кои работат како учители по пливање.
Настанот бил планиран за месецов (септември), но поради безбeдносни причини е откажан од страна на управата на базенот и општината Ле Пен Мирабо.
По случајот во Марсеј, неколку општини, како што се Кан и Вилнев Лубе на јужното крајбрежје и во многу други градови, буркините беа забранети на градските плажи.
Државниот совет ја прекина забраната во Вилнев Лубе и Ница, по поднесувањето на претставка од страна на Лигата на човекови права и Асоцијацијата на Франција за борба против исламофобија.
Во одлуката на Државниот совет стои дека, со носење буркини нема докази за попречување на јавниот ред и мир во Вилнев Лубе и потенцирајќи дека нема никаков ризик од такво нешто, рече дека ваквиот закон нема да важи на плажите.
Иако одлуката на Државниот совет важи за преседан, некои од општините продолжиле да ја употребуваат забраната.