Hayati Nupus
09 Јули 2018•Ажурирај: 09 Јули 2018
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку 39 рибарски бродови изгореа во пожар кој рано утринава изби во пристаниште на индонезискиот остров Бали, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот изби два часа по полноќ во пристаништето со бродови „Беноа“ во Денпасар.
Портпаролот на Цивилната заштита, Сутопо Пурво Нугрохо, соопшти дека се ангажирани пожарникарските и другите надлежни служби од неколку соседни региони.
„Огнот и понатаму се шири во пристаништето и зафати уште најмалку 25 бротчиња“, изјави Сутопо и додаде дека досега нема информации за настрадани лица.
Тој нагласи дека е невозможно во овој момент да се зборува за штетата која ја предизвикал пожарот, со оглед дека пожарникарите и понатаму се на терен.