Şeyma Uzundere
02 Април 2021•Ажурирај: 03 Април 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку три лица го загубија животот во пожар на пазарот близу кампот каде што престојуваат араканските муслимани во Бангладеш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претходно, во раните утринските часови, 20 продавници беа уништени во пожар на пазарот во близина на кампот „Кутупалонг“, каде што престојуваат бегалците од Аракан.
Пожарникарите со часови се бореле да го изгаснат пожарот, за чие избувнување причините сѐ уште не се утврдени.
Најмалку три лица го загубија животот во пожарот, а повредени се неколкумина.
Соопштено е дека трите лица кои починале биле вработени во пазарот.
Претходно имаше многу пожари во камповите. Во пожарот што избувна во бегалскиот камп „Балухали“ на 23 март, загинаа 28 лица, најмалку 40 лица беа повредени, 10.000 илјади засолништа беа уништени, а 55.000 бегалци беа погодени од катастрофата.
- Етничко чистење на муслиманите од Аракан -
Муслиманите од Аракан со законот донесен во 1982 година ги изгубија правата за државјанство.
Во Мјанмар, во моментот официјално се признаваат 135 различни етнички групи. Радикалните будисти се спротивставуваат на признавањето на муслиманите од Аракан.
Во 2012 година во мјанмарската држава Аракан настанаа судири меѓу будистите и муслиманите, во кои илјадници луѓе беа масакрирани, од кои повеќето муслимани, а беа запалени стотици куќи и деловни простории.
Мјанмарската војска и будистите националисти започнаа со масовни насилства, а како образложение за тоа ги наведоа истовремените напади извршени на 25 август 2017 година врз граничните полициски станици во Аракан.
Податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека од август 2017 година, од притисоците и суровоста во Аракан, во соседен Бангладеш побегнале над 900 илјади луѓе.
Обединетите нации и меѓународните организации за човекови права насилството врз араканските муслимани го нарекоа етничко чистење или геноцид.