Ramazan Turgut
24 Јуни 2017•Ажурирај: 25 Јуни 2017
РИЈАД (АА) - Во градовите Мека и Џeдa во Саудиска Арабија се извршени терористички операции, на кои вкупно 11 лица се лесно повредени, од кои 5 полицјаци и 6 странци, додека петмина се приведени, од кои една жена, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, безбедносните сили извршиле рација вo две засолништа во квартовите Eџјад Ел-Масафи и Усејле во Мека, како и во едно засолниште во Џeda, против активностите чија цел е да се загрози безбедноста на Месџид-и Харам, како и безбедноста на посетителите на овие свети места за муслиманите.
Во извршената рација во една трикатна зграда, едно лице за кое се вели дека бил бомбаш-самоубиец, отворил оган врз безбедносните сили, а потоа ја активирал бомбата што ја носел. Како резултат на експлозијата, била уништена трикатната зграда.
Во соопштението се наведува дека 5 полицајци и 6 странци се повредени во уништената зграда, како и дека тие биле однесени во болница. Во извршената рација приведени се 5 терористи, од кои една жена.
Според соопштеното, продолжува истрагата на местото на експлозијата, како дека продолжува истрагата за идентификација на бомбашот-самоубиец.
„Овие напади планирани од страна на некои надворешни кругови чија цел е нарушување на безбедноста и стабилноста на светите места. Нападите беа спречени без да се постигне целта. Министерството за внатрешни работи внимателно ќе продолжи со активноси за обезбедување безбедност и стабилност“ се вели во соопштението.