Hakan Çopur
08 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Гласноговорникот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека ракетниот напад на базата во Сирија беше насочен кон режимот на Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
„Чекорот кој го направивме беше сигурно против режимот на Асад. Мислам дека синоќа испративме многу јасна порака", изјави Спајсер во Вашингтон.
Истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп е многу свесен дека режимот на Асад користи хемиско оружје во Сирија.
Додаде дека долго време внимателно следеле што се случува во таа земја и дека, како што рече, синоќа направиле конкретен чекор.
„Овој напад беше решителен, легитимен и сразмерен. Испративме силен сигнал не само на Сирија, туку и на целиот свет", рече Спајсер.
Исто така, нагласи, дека САД посебно се чувствителни на употребата на хемиско оружје.
Изјави дека пред нападот немале никаков политички и дипломатски разговор со претставниците на Русија.
Истакна дека ракетинот напад не е во спрротивност со ставот на Трамп „првин Америка", додавајќи дека нападот е изведен првенствено од хуманистички причини.
Воздухопловната база Шајрат гаѓана е со 59 проектили „томахавк" утрово околу пет часот по локално време. Проектилите се лансирани од американски бродови во домет на гаѓаната база.