Servet Günerigök
26 Јануари 2022•Ажурирај: 26 Јануари 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден в понеделник ќе биде домаќин на катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани во Белата куќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Посетата дава можност претседателот и катарскиот емир да се консултираат за низа регионални и глобални прашања од заемен интерес, вклучително и унапредување на безбедноста и просперитетот во Заливот и поширокиот регион на Блискиот Исток, обезбедување стабилност на глобалните енергетски резерви, поддршка на народот на Авганистан и зајакнување на комерцијалната и инвестициската соработка меѓу нашите земји“, се вели во соопштението на Белата куќа.
За време на средбата, Бајден ќе му се заблагодари на катарскиот емир за напорите на Доха да обезбеди безбеден транзит од Авганистан на американските државјани, законските постојани жители и авганистанските партнери.
„Претседателот со нетрпение ја очекува оваа важна посета и потврдување на силното партнерство меѓу САД и Катар“, се додава во соопштението.