Hakan Çopur
31 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Гласноговорникот на Белата куќа, Шон Спајсер, истакна дека постојат многу добри билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Германија. „Односите меѓу претседателот (Трамп) и Меркел се речиси неверојатни; многу добро се согласуваат и претседателот многу ја почитува“, изјави тој, јавува Anadolu Agency (AA).
По објавата на „Твитер“ од страна на претседателот на САД, Доналд Трaмп, во којашто тој ја критикува Германија, Спајсер на дневниот брифинг за медиумите одговараше на прашањата во врска со ова прашање.
За прашањето околу изјавата на Меркел која вели дека „ЕУ веќе нема да им верува на САД“, Спајсер одговори: „Односите меѓу претседателот (Трамп) и Меркел се речиси неверојатни; многу добро се согласуваат и претседателот многу ја почитува. Тој не само Германија, туку и другите останати (земји) во Европа ги гледа како значајни сојузници“.
Спајсер тврди дека зборовите на Меркел се извртени од страна на медумите, и истакна дека Меркел рекла оти „судбината на Европа е во нејзините раце“, а и Трамп укажал на истиот правец.
- Критика до Германија од страна на Трамп -
Во утринските часови, Трамп во врска со ова прашање објави на „Твитер“: „Имаме огромен трговски дефицит со Германија, а освен тоа, тие плаќаат многу помалку од потребното за НАТО и за војската. Многу лошо за САД. Ова ќе се промени“.
Преку медиумите беа пренесени зборовите на германската канцеларка, која вели: „Веќе не можеме да им веруваме на САД“, како и дека постои несогласување меѓу Меркел и Трамп, кој во рамките на неговата прва посета во странство учествуваше на Самитот Г7 во Германија.
Почнувајќи од периодот на изборната кампања до денес, Трамп ги критикуваше повеќето европски земји, особено Германија, поради тоа што не ги издвоиле потребните средства за НАТО.