Yusuf Hatip
16 Јануари 2018•Ажурирај: 17 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени во експлозија која се случи синоќа при што се урна станбена зграда во белгискиот град Антверпен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата е потврдено дека експлозијата се случила во ресторан во улицата Парденмарк. Најмалку седум лица се спасени од урнатините, а екипите на терен ги пронајдоа телата на двете лица.
Полицијата соопшти дека експлозијата не е поврзана со тероризам и дека најверојатно е предизвикана од истекување на гас.
На местото на несреќата се упатија голем број екипи на брзата помош, а зголемени се и безбедносните мерки.
Акцијата за пребарување и спасување е во тек.