İhvan Radoykov
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
СОФИЈА (АА) – Селскиот старешина на Хитрино, Нуредин Башри Исмаил изјави дека се одвиваат бавно работите околу санирањето на штетите во селото Хитрино, Бугарија, каде што на 10 декември се случи експлозија на воз што пренесуваше течен нафтен гас, јавува Anadolu Agency (AA).
Исмаил изјави дека на состанокот на кризниот штаб, формиран по експлозијата, сакал да ги изнесе барањата на народот, но бил оддалечен од состанокот.
„Љубезно кажано, не сум добредојден во таа околина. Можеби требало да се разговара за работи што не треба да ги слушнам. Можеби и мојот став вознемири некого“, додаде Исмаил.
Тој изјави дека не е задоволен со брзината на активностите за спасување и санирање на штетата.
Исмаил истакна дека жителите на селото се сместени кај роднини, надвор од Хитрино, и дека во една соба се сместени по 10-15 лица.
Од друга страна, шефот на пожарната единица, Николај Николов, изјави дека е зголемен притисокот на пожарните екипи и дека народот ќе може да се врати кога ќе бидат создадени услови за тоа и кога нема да постои опасност за луѓето што ќе се вратат.
Околу 120 полицајци не дозволуваат влез за странците во селото. Електричната енергија и водата постепено ќе бидат спроведувани до станбените единици, освен во 26-те куќи што се во потполност уништени.
Неколку организации, меѓу кои и Црвениот крст на Бугарија, започнаа акција за собирање помош за несреќното население.
Во ескплозијата загинаа седум лица.