Ekipa
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
РАМАЛАХ (AA) - Февзи ел Џунејди, момчето кое стана симбол на ерусалимскиот отпор, утре ќе го посети Истанбул, во рамките на тридневниот настан организиран од Општина Есенлер, јавува Anadolu Agency (АА).
Настанот ќе започне со посетата на гробот на султанот Абдул Хамид II, а вечерта ќе продолжи со програмата „Ерусалимска ноќ“. За време на престојот во Истанбул, Џунејди ќе им раскажува на средношколците за тешкиот период од својот живот и ќе го посети сетот на серијата „Пајитахт: Абдул Хамид“ емитуван на ТРТ 1.
Ел Џунејди, симболот на отпорот во Кудс, на крај ќе биде примен и од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Израелските војници на 7 декември го приведоа Февзи ел Џунејди во градот Хеброн, со превез на очите. Фотографијата на која се гледа како воооружените војници го носат 16-годишното момче го обиколи светот. Младиот Палестинец кој стана симбол на отпорот, по 21-дневниот притвор, на 28 декември 2017 година, беше ослободен со кауција, а како резултат на тепањето од страна на израелските војници, неговото десно рамо беше скршено.
Од друга страна, Оферскиот воен суд го одложи судењето за 19 февруари.