Bedrudin Brlyavac
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) - Легендарниот бразилски фудбалер Едсон Арантес до Наскименто, познат како Пеле, на отворањето на регионалното фудбалско првенство Кариока 2018 беше избран за амбасадор на ова натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Пеле за време на церемонијата на сцената во Рио де Жанеиро се движеше со помагала на тркала.
За време на обраќањето, 77-годишниот фудбалер се шегуваше за неговиот нов „придружник“.
„Ме прашаа дали ќе дојдам со помагало или со придружник, им реков: За првпат, Бог ми даде нова чизма, зошто да не ја покажам. Дозволете ми да ја покажам“, изјави Пеле.
Тој изрази големо задоволство што има можност да присуствува на настанот.
„Јас сум многу среќен што сум тука во Рио де Жанеиро, каде што започна и мојата кариера. Прво, му благодарам на Бога што сум тука. Добив многу пораки од целиот свет преку кои ми посакуваат добро здравје. Среќен сум што сум добро и што сум на овој настан“, рече легендарниот Бразилец.
Шампионатот Кариока е регионално натпреварување во кое учествуваат клубовите од овој бразилски град. Натпреварувањето официјално ќе започне денеска.