Hanife Erdinç,Mehmet Yavaş
10 Март 2016•Ажурирај: 10 Март 2016
ЧАНАККАЛЕ (АА) - При потонување на глисер во северниот дел на Егејското Море животот го изгубија пет лица, меѓу кои и тримесечно бебе, јавува Anadolu Agency (АА).
Мигрантите со глисер се обиделе од Турција по илегален пат да стигнат до грчкиот остров Лезбос.
На глисерот се наоѓале лица од Авганистан и Иран, а потонал на оддалеченост од 500 метри од брегот, под сè уште неутврдени причини.
Екипите на Крајбрежната стража во турскиот Кучукују по дојава излегле на терен и од морето извлекле пет тела, меѓу кои и телото на тримесечно бебе, додека спасени се девет лица.
Од деветмината спасени лица, три се во тешка здравствена состојба и пренесени се во болницата Едремит.
Според изјавите на спасените лица, две лица се водат за исчезнати, по нив сè уште се трага.