Lokman İlhan
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
БОГОТА (АА) - Стотици моторциклисти протестираа во главниот град на Колумбија поради новите правила во Богота според кои се забранува мажите да бидат совозачи на мотоцикли, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако градоначалникот на Богота, Енрике Пенасола, најави дека во главниот град ќе им биде забрането на мажите да возат како совозачи на мотоциклите со јачина на моторот над 125 кубици, голем број моторциклисти ја блокираа една од најфреквентните улици во Богота.
Иако Пеналоса објави дека оваа забрана ќе биде воведена од безбедносни причини, моторциклистите со сирени ја блокираа улицата, предизвикувајќи застој во сообраќајот.
Според полициските податоци, во Богота, само минатата година имало околу 5.000 случаи на грабеж во кој бил користен мотоцикл. Освен во грабежи, мотоциклите во оваа земја често ги користат и сериските убијци.