Sibel Uğurlu
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
АНБАР (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 15 се ранети во бомбашки самоубиствен напад кој се случи синоќа во западната ирачка покраина Анбар, јавува Anadolu Agency (AA).
Бригадирот на ирачката војска, Сетар ал-Хамед, за АА изјави дека бомбашот самоубиец извршил напад со активирање на експлозив во кафетерија во центарот на подрачјето Хит.
На тоа подрачје е прогласена привремена вонредна состојба, а истрагата за нападот е во тек.
До сега никој не презеде одговорност за нападот.