Safvan Allahverdi
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Суспензијата на издавањето визи меѓу Турција и Вашингтон е претенциозна и најверојатно ќе биде решена наскоро, изјави турскиот вицепремиер Мехмет Шимшек, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е моментален несакан спор и нема политичка вмешаност“, изјави Шимшек во Aмериканската трговска комора во Вашингтон, за време на неговата посета заради присуство на годишните состаноци на Светската банка и ММФ. „Се надеваме дека многу наскоро овој проблем ќе биде решен“, рече тој.
Шимшек го окарактеризира притворањето на припадникот на персоналот во дипломската мисија на САД како „рутинска истрага“, и рече дека безбедноста и заштитата на американските дипломати и вработени е врвен приоритет на Турција.
Американската амбасада во Турција во неделата објави дека го суспендира издавањето на не-имиграциски визи за лицата од турска националност, по апсењето на Метин Топуз, лице вработено во конзулатот на САД во Истанбул.
Во знак на реванш, турската амбасада во Вашингтон, исто така, ги суспендираше не-имиграциските визни услуги.
Топуз се сомничи дека е поврзан со терористичката организација ФЕТО, која е виновна за неуспешниот обид за државен удар во Турција, кој се случи во јули минатата година.
„Сакам да бидам јасен. Ние не сакаме овој спор да трае повеќе од една секунда“, изјави Шимшек, потсетувајќи дека Турција и САД се сојузници повеќе од половина век, со партнерство доволно цврсто за ваква криза.
Тој рече дека Турција даде реципрочен одговор на САД, бидејќи тоа е суверена нација, но дека турската Влада е посветена на продлабочување на односите и е отворена за дијалог, доколку постои каква било загриженост за соработката во судските работи.
„Турција не прави своеволни апсења. Нема политички заложници, вели тој. Турскиот судски систем работи и функционира“.
„Како што чекориме напред, се надевам дека сите овие спорови и несогласувања можат да се решат“, изјави Шимшек. Не гледам ниту еден проблем што не може да биде решен. Но јасно е дека е потребно подобро разбирање, подобар дијалог и комуникација.
„Тоа е она што пријателите го очекуваат едни од други“, вели тој. Очигледно е дека овие очекувања за Турција, кога толку многу поминавме, треба да ги разгледаат нашите пријатели, нашите сојузници и партнери.
Шимшек ги повика американските инвеститори и компании да инвестираат во Турција, нагласувајќи дека економијата во неговата земја се развива и ќе продолжи да го подобрува својот инвестициски план, и покрај многуте предизвици како што беше неуспешниот обид за државен удар и терористичките напади.
„Турција помина долг пат во изминатата деценија и пол, но приказната сѐ уште не е завршена. Ништо нема да го смени тоа. Над осумдесет милиони Турци имаат силна желба за успех и ние ќе успееме“, нагласи Шимшек. Тоа означува долг пат во однос на растот, продажбата и можностите.
„Потребни сме си едни на други. Не можеме економски да се игнорираме меѓусебно. САД се една од главните машини за глобална економија. САД се најголемата економија. Но Турција е исто така 13. најголема економија во светот, со 2,1 трилиони долари БДП, а петта во Европа“, додаде тој.
Шимшек исто така им се заблагодари на американските компании што работеле во Турција. „Го поздравуваме бизнисот на САД и го почитуваме присуството на речиси 1.700 бизниси во Турција“, додаде тој.