Sayed Khodaiberdi Sadat
09 Март 2023•Ажурирај: 10 Март 2023
КАБУЛ (АА) - Извршен е бомбашки напад врз зградата на гувернерството на Балх во северниот дел на Авганистан, во кој загина Мухамед Давут Муземил, гувернерот на Балх, јавува Анадолу.
Портпаролот на полициската дирекција во Балх, Мухамед Асиф Везири, во изјава за новинарот на АА истакна дека нападот бил извршен за време на состанокот одржат со учество на локалните власти во зградата на гувернерството.
Тој информира дека во нападот загинале гувернерот Муземил и двајца цивили.
Везири соопшти дека е започната истрага во врска со настанот.
Очевидците изјавија дека амбулантните возила биле упатени кон зградата на гувернерството, и дека околните патишта биле затворени за сообраќај.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.