Sayed Khodaberdi Sadat
24 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
КАБУЛ (АА) - Во авганистанскиот главен град Кабул, изведен е бомбашки напад со возило-бомба во кој животот го загубија 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според очевидците, утрово во 7.00 часот по локално време (04.30 по централно европско време), во подрачјето Пул-и Сохта во Кабул експлодира возило во моментот кога покрај него минувал минибус што превезувал вработени од Министерството за рударство.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, за АА изјави дека во бомбашкиот напад загинале 24 лица, од кои поголемиот дел се цивили.
Портпаролот соопшти дека во експлозијата се ранети и 42 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде талибанската организација, чиј портпарол соопшти дека во нападот се убиени 37 вработени на службата за разузнавање.
Од јачината на експлозијата, скршени се прозорците на зградите во околината, а 3 возила се уништени.