Sayed Khodaiberdi Sadat
06 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
КАБУЛ (АА) - Извршен е бомбашки напад во авганистанската јужна покраина Хелманд, при што загинаа еден обвинител и неговиот телохранител, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Хелманд, Наби Елхам, во изјавата за медиумите истакна дека експлодирала бомба поставена во возило во градот Лашкaргах во Хелманд.
Наби информираше дека во нападот загинал обвинителот Сајед Махмуд Ака, како и неговиот телохранител, и дека во нападот се повредени 8 лица.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Цел на обидите за атентат, што се зголемија во последниот период во земјата, се новинарите, активистите, верските научници, државници и безбедносните сили.