Gökhan Kavak
14 Февруари 2019•Ажурирај: 15 Февруари 2019
АБУЏА (АА) - Се урна рудник за злато во Зимбабве. Во несреќата животот го загубија 23 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Чарити Чарамба, изјави „Во уривањето на рудникот животот го загубија 23 лица и постои загриженост дека бројката на загинати може да биде поголема.“
Поројните врнежи од дожд во подрачјето Кадома во Зимбабве предизвикаа свлечиште, уривајќи го рудникот за злато, под чии урнатини останаа голем број рудари.