Sayed Khodaiberdi Sadat
24 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
КАБУЛ
Во авганистанскиот главен град Кабул, извршен е бомбашки напад врз Центарот за обука „Кевсер Даниш“. Во нападот животот го загубија 10 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Тарик Арјен, портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, одржа прес-конференција на која информираше дека во подрачјето Дашт-и Барчи во Кабул извршен е бомбашки напад врз Центарот за обука „Кевсер Даниш“.
Арјен соопшти дека според првичните информации, во нападот животот го загубиле 10 лица, а 20-мина се повредени.
Очевидците тврдат дека бројката на загинати е многу поголема и дека станува збор за самоубиствен напад.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.