Haydar Hadi
15 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
БАГДАД (AA) - Најмалку шест лица загинаа а дванаесет се ранети во нападот изведен во центарот на ирачката престолнина Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат безбедносни извори, нападот е изведен со активирање на автомобил бомба а мета беше еден ноќен клуб во главниот град на Ирак.
Загинаа шест, а ранети се дванаесет лица. Багдад е често место на судири и бомбашки напади.
Ирачките функционери наведуваат дека зад нападот стојат членови на терористичката организација ДЕАШ и групите кои делуваат со нив.