Ayşe Sarıoğlu
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
КИТО (АА) - Во јужноамериканската држава Еквадор на автопат се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија 19 лица, а 17-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
На автопатот кој се протега покрај Пацификот, меѓуградски автобус се судрил со автобус кој превезувал ученици. Во несреќата животот го загубиле 19 лица, меѓу кои се наоѓаат и деца, додека 17-мина се повредени.
Официјалните лица претпоставуваат дека несреќата може да е последица на лошите временски услови, дожд и недоволно осветлување на патот. Повредените во несреќата се префрлени во неколку болници каде се наоѓаат под лекарски третман.