Sayed Khodaiberdi Sadat
19 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
КАБУЛ (АА) - Последователни бомбашки напади се изведени врз средното училиште „Шехид Абдул Рахим“ и врз едукативниот центар „Мумтаз“, западно од Кабул, главниот град на Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Халид Задран, портпаролот на полицијата на привремената влада на Талибанците во Кабул, на својот профил на социјалните мрежи објави дека шиитите биле цел на три бомбашки напади во западниот дел на Кабул.
Задран нагласи дека во нападите има човечки жртви.
Очевидци истакнаа во нападите има загинати и повредени лица.
Сите улици кои водат до областа каде што се случија нападите се затворени за сообраќај.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.